2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Само претходната недела 5.800 нови позитивни случаи и 88 смртни случаи во државата

Ноември 03, 2020

 

Неделен извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020 – тестирани вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6 отсто, во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1%, споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5 отсто.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години (n=1283, 22,1%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 години (n=1169; 20.2%), 40-49 (n=1089; 18,8%), 50-59 (n=1056; 18,2%) и 20-29 (n=866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=94; 1,6%) и од 10 до 19 години (n=243; 4,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5%.
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50 до 59 години, четири смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и по еден во возрасните групи од 30 до 39 години и од 20 до 29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани