АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот актер Слободан Степановски, член на тамошниот театар, е добитник на актерката награда „Петре Прличко“ за 2020, одлучила едногласно жири комисијата. Одлуката ја соопшти градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на прес-конференција, поради тоа што членовите на комисијата биле спречени да присуствуваат.
„Степановски како тимски играч, истрчал 43 години долга и пребогата кариера, маркирана со дури 90 одиграни ролји, Прличковец без дамка и задршка. Голем актер, достоен на небесниот ктитор на оваа награда“, напиша во образложението жирито за одлуката за наградата. Жирито беше во состав: Сашо Димовски театролог, Деан Дамјановски театарски режисер и актерот Драган Миладиновски. Тие добиле пет предлози: Игор Џамбазов од Македонскиот народен театар (МНТ), Слободан Степановски од Битолски театар, Магдалена Ризова-Черних од Театар Комедија, Горан Илиќ од Кумановски театар и Дубравка Киселички исто така од Кумановскиот театар.
Целиот текс https://sdk.mk/index.php/kultura/akterskata-nagrada-za-zhivotno-delo-petre-prlichko-za-slobodan-stepanovski/