АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раководителот на ПЕ на Министерството за земјоделство во Битола-Методија Илиевски денеска беше домаќин на министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, кој во битолскиот крај дојде да изврши увид во работите околу откупот на тутунот. После подолг период министер ја посетува подрачната единица на МЗШВ во Битола.
-Денес, на наше големо задоволство во посета во ПЕ на МЗШВ во Битола беше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство- Арјанит Хоџа.На средбата го информирав министерот за тековните активности на подрачната единица кои се одвиваат непречено, со почитување на сите заштитни мерки за безбедност по здравјето на вработените и на земјоделците кои ја посетуваат подрачната единица, вели раководителот на ПЕ Битола-Методија Илиевски.