2win800x200

Мирна ноќ на Инфективно, 75 хоспитализирани

Декември 17, 2020

 

На Инфективното оддление во Битола ноќва помина мирно, и веќе втор ден во ред не се регистрирани смртни случаи како последица  од Ковид-19.  Од Болницата велат дека се намалува бројот на прегледи, односно  има лесно намалување на бројот на прегледи на Инфективно и Тријажниот центар во споредба со изминатиот период.

„Во периодот од последните седум дена во Тријажниот центар се прегледани околу 415 пациенти, додека во Инфективната амбуланта, ковид позитивни се  прегледани 100 пациенти со земање на крв и рендген снимка. Има лесно намалување на бројот на прегледи. Но бројот на хоспитализирани не се намалува. Денеска имаме 76 хоспитализирани во потешка состојба“, вели директорката на Клиничка болница Битола д-р Билјана Гагачовска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани