Леонардо Димоски - виолина, ученик во II класа во Државното музичко училиште во Битола ја освои III та награда на Интернационалниот натпревар во Москва што се одржа онлајн.
Димоски е ученик во класата на Проф.Оливера Трајкова и Проф.Сихана Бадивуку и досега е добитник на многу награди, како во државата, така и во светот.
-И во време на пандемија нашиот Леонардо успеа да ја добие III та награда на Интернационален натпревар во Москва каде челнови на жири се еминентни професори од Конзерваториумот во Русија. Честитки и понатамошни успеси, вели Проф.Оливера Трајкова.