АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Светска Банка го финишира проектот "Уредување на Порој во с.Гермијан " во должина од 1500м.
Уредување на коритото од поројот во населеното место Гермијан (трета фаза) со должина е од 340м.
Претходно со фаза 1 преку Грант од Светска Банка и со средства во висина од 16.557.000 денари се изврши уредување на коритото во должина од 860м.
Со втората фаза преку Проектот-"Заштита на животната средина во пелагонискиот регион преку инфраструктурни интервенции за уредување на речен порој во с.Гермијан" со средства во висина од 6.850.000 денари од кои од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа обезбедени се 6.100.000 денари а остатокот од Буџет на општина Новаци беа уредени 300м .
Третата и завршна фаза на уредување на коритото во должина од 340м се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.
Инвестицијата е во износ од 9.081.863 денари и со истата ќе се реши проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави.
Како директни корисници на Проектот се јавуваат 100 земјоделски семејства од с. Гермијан со околу 300 жители.
Градоначалникот Љубе Кузманоски на средба со локалното население од с. Гермијан ги потенцираше придобивките од изградбата на овој порој, како и идните проекти кои се планирани со цел подобрување на условите за живот во ова населено место.
Завршени се градежните активности од капиталниот проект „Уредување на Порој во село Гермијан во должина од 1.500 метри“ со вредност на инвестицијата од 32.5 милиони денари.
Проектот се реализираше во 3 фази со инвестиција преку грант од Светска банка, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со средства обезбеди преку ИПА програмата за меѓунагранична соработка со Грција, Министерството за локална самоуправа и Општина Новаци.
Со овој проект трајно го решаваме проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште, станбените и фармерските објект на жителите од село Гермијан каде што како директни корисници се јавуваат 100 земјоделски семејства со околу 300 жители.
Овој проект е уште еден дока дека Општина Новаци се грижи за локалното население и трајно ги решава долгогодишните проблеми и барања на граѓаните.
Во Гермијан за три години инвестирани се рекордни 1 милион евра од повеќе извори.