2win800x200

Димовска-Борбата против корупцијата и криминалот како партија ја ставаме во највисоките приоритети

Јануари 11, 2021

 

Интегрален текст од изјава на Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ како одговорна партија, посветена на воведување на европските стандарди дома, борбата против корупцијата и криминалот ја става во највисоките приоритети во стратешката рамка “Акција 21”.

За успешно искоренување на коруцијата, исклучително е важна добрата, брза и ефикасна соработка помеѓу надлежните институции, но важна улога имаат и граѓаните во пријавувањето на случаите поврзани со корупција.

Веќе се преземени првите чекори во насока на намалување на можностите за појава на корупција. Владата предводена од СДСМ, го намали бројот на министри и формираше ефикасна, отворена и одговорна Влада, подготвена да работи посветено во интерес на граѓаните и државата.

Транспарантноста е исклучетелно важна во борбата против корупцијата.

Владата предводена од СДСМ, како ниту една друга Влада досега, спроведува максимална отвореност и целосна транспарентност. Граѓаните имаат право да знаат како се трошат народните пари, како и колку работат институциите, општините и сите кои користат буџетски средства.

Според Извештајот Индекс на активна транспарентност 2020, подготвен од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на УСАИД, Општина Битола предводена од СДСМ, котира на високото 5-то место. Од 98 институции кои се предмет на истражување, Општина Битола има 88,4 од можните 100 бодови што е уште една потврда за определбата на СДСМ за транспарентни институции на сите нивоа на власт.

Почитувани

Со донесувањето на Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ, од страна на Централниот одбор на СДСМ, уште еднаш, како одговорна партија, со реформи во сопствените редови, докажуваме дека даваме конкретен придонес за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, заслужуваат да живеат во отворено, развојно и напредно општество.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани