2win800x200

Димовска-СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува!

Јануари 28, 2021

 

Постапката за ажурирање и регистрација на членовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е во тек и ќе трае до 25 февруари, вели Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола.

.

СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува!

На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на првите непосредни внатрепартиски избори во земјава, што е врв на демократијата во една партија.

Со менувањето на општеството, неминовно се налага потребата да се менува и партијата. Со промената на Статутот, а согласно визиите, правиме чекор напред кон поголема демократизација на партијата, онака како што доликува на одговорна партија, партија која ги поттикнува демократските процеси во државата.

Ги повикуваме сите членови на СДСМ да го ажурираат членството - во општинската организација, преку своите месни одбори или онлајн и заедно да ја реализираме оваа прогресивна внатрепартиска постапка.

Остануваме отворени и за секој кој сака да пристапи кон СДСМ, да пристапи кон овие наши идеи, кон заедничките ставови за иднината на партијата и уште поважно, за иднината на државата.

За членовите на #СДСМ во странство, пак, воведовме посебна онлајн форма за пријавување за да може да го спроведат ажурирањето, и истата е достапна на официјалната страна на СДСМ.

Подобра СДСМ за подобро да им служи на граѓаните, на државата!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани