2win800x200

Обновете ги документите за додаток за трето и четврто дете

Јануари 28, 2021

 

Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Битола започна со прием на барањата за годишна обнова – продолжување на стекнатите права на родителски додаток за трето и четврто дете, согласно Законот за заштита на децата.

Правото на родителски додаток за трето дете се однесува на сите корисници кои со ова право се стекнале заклучно со 23 март 2020 година.

Прием на документите за продолжување на правото на родителски додаток за трето и четврто дете ќе трае до 31 март годинава, а освен барањето бр 5. потребно е да се достават и лична карта на носителот на правото на увид, доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање-издаден од надлежниот суд, доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото и потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани