2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „Т’ГА ЗА ЈУГ“

Февруари 03, 2021

Градоначалничката Наташа Петровска и претседателката на Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” Евгенија Николовска, во Општина Битола потпишаа заеднички Меморандум за соработка. 

Меморандумот има за цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу Здружението и Општина Битола со цел уште повеќе да се делува во насока на афирмација на областите од взаемен интерес, реализација на заеднички активности и други форми на соработка.
 
Во рамките на денешната средба, беа договорени натамошните чекори за реализација на проектот „Младите – Креатори на нашата иднина“, со кој ќе бидат опфатени ученици од Општина Битола и деца од ранливите категории. Проектот е наменет за развојот и напредокот на  културата и зголемување на креативноста и интересот кон музиката, глумата, сликањето и творењето кај децата уште од рана возраст.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани