Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион постави 11 агрометеоролошки мерни станици во Пелагонија, со инсталиран софтвер за земјоделски култури карактеристични за регионот. Софтверот служи за прогноза на болести на културите поседува сензори за временските услови, кои даваат информации достапни за користење бесплатно од сите земјоделци и заинтересирани страни во регионот.
ПОДАТОЦИ И ПАРАМЕТРИ
Станиците даваат податоци за температура на воздух, влажност на воздух, количина на врнежи во изминатиот период, планирани врнежи, ветер, температура на почва, влажност на лист, сончева енергија, атмосферски притисок и други параметри, како и прогнози на можноста за појава на одредени болести. Овие податоци можат значително да помогнат во планирањето и изведувањето на агротехничките операции од страна на земјоделците со цел унапредување на земјоделското производство, без разлика дали се работи за органско, интегрално или конвенционално производство.
КАКО РАБОТИ СТАНИЦАТА?
Агрометеоролошката станица (МЕТЕОБОТ) на секои 10 минути ги собира измерените податоци и преку GPRS односно м2м сим картичка ги препраќа податоците на сервер, каде што се обработуваат и се праќаат на мобилна апликација и веб страна.
МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА И ВЕБ СТРАНА
Веб страна каде можат да се гледаат поставените станици, да се читаат податоци, прогроноза на болести како и останати информации:
https://agropelagonija.mk/
-Ги повикуваме сите земјоделци од регионот, као и други засегнати страни, да ги користат апликацијата и веб страната, кои постојано ќе се збогатуваат со нови информации и параметри, со цел да придонесат кон зголемување и подобрување на земјоделското производство во Пелагонискиот регион, aпелираат од ЦРППР.
Проектот “Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион” го спроведе Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”.