АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По обилните врнежеи снег од Ски- центарот „Ниже Поле“ соопштија дека спремни ја продолжуваат годинашнава ски-сезона.
„Како би добиле што поквалитетни и подолготрајно користење на патеките нашите екипи деноноќно ќе ја подготвуваат патеката. Благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација, патот е исчистен и прооден исто како и паркинзите. Денес повелете на топол чај и рум ,да уживаме во оваа убавина,а од утре продолжуваме со скијање“, напишаа на нивната фб страница.
По обилните врнежи на снег во текот на вчерашниот и денешниот ден, и од Ски-центарот “Копанки” на Пелистер известија дека од утре старуваат со работа. Отпочнати се потребните активности за подготовка на скијалиштето за непречено и безбедно функционирање на ски-терените.