АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Традиционално со промотивно денско и ноќно скијање денес започнува ски сезоната во Ски- центарот „Нижеполе“ на Пелистер. Снег има доволно, ски терените се подготвени, ски лифтовите во фукнција и екипирани се редарските служби. Скијачи на терените има уште од утрово. Патот со центарот е исчистен, а ЈП „Стрежево“ со своја механизација ги исчисти и паркинзите.
„„Терените се подготвени, , двата ски лифта се во функција. На време беа направени технички прегледи и добиени дозволи за нивна работа. Сменети беа двете влечни јажиња. Денес започнуваме со денско и ноќно промотивно скијање, а ќе има и други вечерни скијања за што постои интерес кај посетителите“, изјави директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски.
Ски-центарот работи согласно донесените протоколи за заштита од ковид-19.
„Се запазуваат пропишаните протоколи, имаме редарска служба, се работи на два шалтери. Само упатуваме апел со посетителите и тие да се придржуваат кон пропишаните протоколи и да држат дистанца“, рече Граматковски.