2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Владата ќе даде пари за санирање на штетите од земјотресот во Битола

Јануари 12, 2022

Без разлика кој е на чело на институциите, надвор од политиката, Владата и Општината ќе дејствуваат заедно во санирањето на штетите од земјотресот во Битола, тоа ќе биде модел за решавање на проблемите и враќање на довербата на граѓаните во состемот, најави вицепремиерот Љупчо Николовски како претставник на владината делегација која денес имаше координативна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Иако во владината делагција беше претставици на СДСМ и ЛДП, а локалната власт во Битола е предводена од ВМРО-ДПМНЕ тие се договорија заеднички да делуваат.

„Се обврзуваме заеднички да направиме се̍ што е во интерес на граѓаните. Институциите мора да работат заеднички и сите правни легислативни инструменти кои законите ги даваат низ постапките и процедурите да ги спроведиме час поскоро. Особено во оние инстутуции кои се круцијални и фундамент на животот во Битола градинките, школите, болницата, со цел што побрзо да се направи проценката, а штетата ќе биде надоместена преку програмите на Владата. Ова е период кога програмите се носат и Владата ја изрази целосната подготвеност овие потреби да ги вгради и што побрзо да се санираат штетите“, рече Николовски.270413648 450455789950487 4135670913427585529 n

- Се согласивме дека заеднички треба да се делува во таа насока и дека ќе помогнат во рамки на нивните ингеренции за подмирување на тие штети-, рече градоначалникот Тони Коњановски.опстина

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски кажа дека постапката ќе се одвива на две нивоа. Едно за институциите каде санациите мора да бидат итни и друго за индивидуалните објекти каде се обврзаа дека проценката ќе биде побрза од законскиот рок кој е 360 дена.

„Едното ниво е брз санација на јавните инстутуции, бидејќи болницата мора одма да се стави во функција, а независно од тоа што училиштата и градинките се на локално ниво сметаме дека целосно треба да ги исфинансираме во реновирањето преку програмите на Министерствата. Комисијата што е можно побрзо да даде проценка и да може брзо да се интервенира со средства од ресорните министерства“, рече Милевски.

Тој уште посочи дека штетите во пограничните села се уште поголеми. Па, неопходна е проценка за состојбата на училишните згради, доколку има оштетувања Министерството за образование ќе мора да обезбеди други простории за учениците.

„Она што значи обештетување на граѓаните законски Комисијата во 360 дена треба да поднесе извештај. Но, заеднички се согласивме тоа да го направи што побрзо и пообјективно за финансиските средства да одат кај вистинските граѓани кои имаат штета, да не се злоупотребува ситуацијата. Заеднички Општина Битола и Владата со процент кој е законски утврден да влезат во обештетување’, рече Милевски.270097769 1017434878842188 6798791420892777233 n

Гоце Георгиевски од Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди рече дека дури не се направи целосна проценка не може да каже колкав процент од штеите ќе покре Владата.

Само во текот на вчерашниот ден имаше над 100 пријави на штети од граѓани. Градоначалникот Коњановски информираше Комисијата во придружба на претставници од Институтот за земјотресно инженерство се на терен и веќе вршат проценки. Ако напливот на барања за отштета е голем ќе формираат и втора комисија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани