АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден (16.02.2021, вторник) целата територија на државата ќе биде зафатена со ниски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.
На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето во текот на утрешниот ден ќе биде ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб северозападен ветер, со минимална температура од -18 до -7, а максимална од -6 до 1 степени, во Битола од -16 минималната до -2 максималната
Времето во следните денови:
До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.