Поларниот студ што деновиве ја зафати Битола, ја намали фреквенцијата и во градскиот пазар. Утрово се измерени -22 степени, па речиси и да нема ни продавачи ни купувачи, иако денес е вторник, пазарен ден во Битола
-Многу е намалена фреквенцијата, отворени се само 20 % од тезгите, затоа што робата на пазарџиите им замрзнува, па ако не ја продадат треба да ја фрлат, вели Владе Атанасовски, директор на ЈП "Пазари"-Битола