АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓаните кои живеат во зградите во близина на Градскиот зелен пазар во Битола, се жалат дека продавачите на земјоделски производи, но и купувачите ги окупираат зелените површини и пешачките патеки на улиците околу пазарот, особено поранешната улица „Едвард Кардељ“.
На страната на „Битола сака чист воздух“и денеска се објавуваат фотографии од страна на револтирани граѓани кои не можат слободно да се движат по пешачките патеки од паркирани автомобили со колички каде продавачите-земјоделци ги носат производите.
Граѓаните од околните згради бараат полицијата да интервенира и да ги казни несовените возачи за срамното паркирање, а исто како што секој ден сообраќајната полиција ја контролира ситуацијата кај поранешната стоковна куќа „Јавор“ да ја контролира и по околните улици, блиску до пазарот, особено во пазарните денови вторник и петок.