2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Скендербег“ на Битфест

Август 13, 2018

Театарската претстава за Ѓерѓ Кастриот Скендербег, од албанско-американскиот актер Џеват Лимани, вечерва во 19 часот ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за клутура -Битола, како дел од програмата на Битфест. Улогата на Доника ја толкува сопранот Ера Хоџа, додека другите ликови се појавуваат преку филмски секвенци и гласови.

Музиката е на  Александар Пеци, костимографија на  Енкел Дика, додека сценографијата на  Кристак Капедани. Режијата ја направија Џеват Лимани и Мајкл Тило-актер и режисер во Холивуд.

 

Театарскиот проект "Ѓерѓ Кастриот Скендербег", напишан и изведен од Џеват Лимани, третира психолошки аспект на ораториски пристап на националните херои, спроти стратегија за борба против инвазијата на Отоманската империја. Драмските структури ги осквернуваат протагонистите и антагонистите, хероите и предавниците, платеници и патриоти. Авторот со еден хронолошки фрагментаритет претставува настани од клучно значење за животот и работата на херој на XV век, кој се борел за создавање на државата Арберит. Војната на Скендербег завзеде европски карактер, бидејќи нашиот херој со неговата исцрпена армија и народ за 25 последователни години му се спротивстави на Императорската армија која беше десетици пати поголема во број и се разбира со тешко и софистицирано оружје. Но, стратегијата на Скендербег,честите напади со брзо повлекување, создадоа конфузија и фрустрација меѓу варварските орди што често реултираше со победа на битките. Неслучајно, Европа го сметаше за свој спасител. Додека денес овој херој е почестен не само од Албанците, туку и од многу народи во Европа, стои во плакатот за претставата .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани