АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на тродневното одбележување на празникот 8 ми Март, Организацијата на жени од Битола, во партнерство со Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, ги додели наградите од конкурсот за краток расказ на тема „Она што не и кажав на мојата учителка“. Првата награда ја доби Ана Георгиева од Штип, втората награда е доделена на Божана Тренчевска од Прилеп, а третата награда отиде во рацете на уште една штипјанка, Нина Стојанова.
-Годинава по објавениот конкурс пристигнаа 27 кратки раскази, а освен од Битола, пристигна еден расказ од Хрватска и неколку од другите делови на Македонија. Прво и трето место освоија автори на кратки раскази од Штип, а второто место го доби авторката на расказ која е тутунска работничка од Прилеп, рече Светлана Петковска, претседател на Организација на жени од Битола.
Утре, во рамките на одбележувањето на 8 Март, Организација на жени го организира настанот „Едно поинакво женско дружење“
-На овој настан се поканети жени кои што нешто направиле во Битола, на кои ќе им доделиме по една благодарница. Ние во Организација на жени направивме избор од 20 жени кои што во Битола нешто значат. Меѓу нив има од различни професии, куварки,докторки, медицински сестри, новинарки, учителки, воспитувачки и др. изјави Петковска.
Одбележувањето на празникот, Организација на жени го завршува на 7 март, со крводарителска акција во Средното медицинско училиште во Битола, која е поттикната од две женски групи на ФБ.