2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Конференција за спречување на насилство врз жените и девојчињата

Март 06, 2018

 

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Општина Битола во соработка со канцеларијата на ОН за родова еднаквост  и со поддршка на министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, денеска одржа регионална конференција на тема „Јакнење на соработката меѓу општините во пелагонискиот регион за подобрување на превенцијата и заштитата на жените и девојчињата од насилство“.

– Живееме во општество во кое мора да погледнеме со широко отворени очи. Квалитетот е тоа за што треба да се говори и да му се отвораат патеките. Имаме должност да говориме за добрите но и за лошите примери и да тежнееме кон повисоки вредности и нивоа, рече меѓудругото Петровска пред учесниците на конференцијата, најголем дел претставници на граѓанскиот сектор од пелагонискиот регион.

На регионалната конференција во Битола, заменик министерот во МВР Агим Нухиу истакна дека МВР е една од институциите со мандат за постапување при пријави за извршено семејно насилство, заштита на лица жртви на семејно насилство, сузбивање и поречување на насилството и други надлежности.

– Семејното насилство не е проблем кој ја погодува само жената туку тоа е проблем на целото семејство, на мажот, на децат, на повозрасните лица и на заедницата воопшто. Сепак, анализите покажуваат дека доминантната жртва во стистиката за семејно насилство во Република Македонија, е жената, нагласи Нухиу,посочувајќи дека во Македонија постои координирана институционална поврзаност и дејствување за заштита на жртвите од семејно насилство.

Од Министерсвото за труд и социјлана политка, посочија дека Владата на РМ  посветено работи во борбата против насилството врз жената и семејното насилство.

-Не е  доволно само да се донесе законска регулатива, туку многу важно е да се воспостават механизми, инфраструктура, човечки и финансиски ресурси за да се спроведе законот, но и Конвенцијата на Советот на Европа  за спречување и борба против насилството врз жената и семејното насилство, која ја ратификуваше  и нашата држава, со што Владата на РМ покажа политичка воља дека посветено ќе работи на спороведувањето на оваа конвенција,  рече Елена Гроздановска, државен секретар во Министерството за труд и социјална  политика

Регионалната конференција е само почеток на една континуирана соработка на општините од Пелагонискиот регион со сите релевантни чинители во општеството кои треба да ги земат предвид потрбите на жените и да ги вклучат со предлози и  иеди во процесите на креирање на политики во локланите самоуправи.

-

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани