2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се заборавија рели натпреварите во Битола, вели Велчо Петровски –Папал

Април 22, 2021

„Беа тоа вистински доживувања за вљубениците во возењето. Не возевме како сега скапи лимузини, туку фиќовци, стоедни и опели. Но, за нас тоа беше вистинско доживување“. Вака со носталгија раскажува Велчо Петровски –Папал, поранешен шампион на Македонија во рели трките.

Тој се потсетува на старите добри времиња во седумдесетите години кога голем број битолчани, што би се рекло, живееле за рели натпреварите. Тргнувале од пред „Путник“, а возеле и низ Широк Сокак која тогаш била сообраќајница, па продолжувале за Галичица, Охрид, Прилеп , Кажани или друго место во зависност од завршната цел на трката.reli 2

Петровски посочува дека иако биле трки, сепак се возело со оганичена брзина, што давало димензија на одмереност и дисциплина во учеството во сообраќајот.

„ Беше спорт, а битолачни наоѓаа задоволство во тие натпревари. Рели натпреварувањето беше возење на дистанци. Тргнуваш од Битола, возиш на пример до Охрид, а имаш попатни дистанци на која контрола во кое време да бидеш, се даваше одредена брзина, 62 километри на час и требаше да бидеш точен на наредната дистанца. Не возевме многу брзо. Имаше и тајна контрола која го контролираше просекот на брзината и мораше да бидеш точен. На пример, на Макази те застанува тајна контрола и ти го пишува времето“, се присетува Петровски.

Рели натпреварите се одржуваа во три категории, и тоа со фиќа, сто една и опел. Беа во организација на Здружението на возачи кое на трите први места по одделни категории доделуваше награди. Наградите се доделуваа во центраот на градот, а беа симболични. Но, вљубениците во овој спорт, не се натпреваруваа за награда, туку затоа што уживаа во него.

И така беше до осумдесетите години кога згаснаа битолските рели трки, а овој текст е мал придонес да ги потсетиме битолачни на старите добри и убави времиња кога немаше корона, а и не се работеше преку викенд, па луѓето можеа да уживаат во иднивидуалните спортови и задоволства.tri 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани