Во вторник напладне сите на „врвење'' кај Папало, слави 30 години бизнис

Октомври 16, 2021

Напоредно со создавањето на државата, тој ја градеше фирмата. Реклама по реклама, излог по излог, потпирајќи се на долгогодишното искуство и знаење. Така, „Папал дизајн“ слично на светлечките реклами со кои ја красеше Битола, светна во успешна и препознатлива фирма -бренд на градот. Денес се вели „кој не знае за Папал дизајн, не е битолчанец“. Тоа е нормално за успшна, професионална и оригинална фирма која три децении го создава естетскиот имиџ на Битола проткаен преку нејзиното креативно аранжирање на излозите од објектите.

И заслужно, по многу успешни битки и предизвици, основачот на фирмата Велчо Петровски-Папал одлучи тридеценискиот јубилеј да го прослави со своите битолчани. Онака хумористичен како што знае да биде тој, вели „овој вторник, 19 октомври сите на врвење кај Папалот, ќе славaм 30 години бизнис, впрочем колку и самостојноста на државата“. Битолчани за да завршат некоја дополнителна работа, често знаат да речат „ќе поминам на врвење“, па оттаму и оваа изречица. 

„Човекот кој 50 години ги уредуваше излозите, а 30 годоини преку својот приватниот бизнис со рекламите, ве вика на’ врвење’, овој вторник во 12 часот пред канцелариите кај Ѕвончарите заедно да го прославиме јубилејот. Ние сме единствената фирма пред која 30 години немаше ни поп, ни владика, ни генерал, ни политичка партија, а успеа да опстане и низ транзиции, рецесии, инфлации“, вели Петровски.

Одбележувањето на реткиот јубилеј започнува со настап на Танцовиот спортски клуб ,,Step up" од Битола, па следува прес конференција, доделување благодарници за соработниците, а битолчани за цело време ќе можат „на врвење“ да се послужат со коктел и убаво расположение во чаршијата. Еснафски, онакака како што ѝ доликува на една компанија од чаршијата, чии оновачи се асли битолчани и која со години се грижи додека се движите низ улиците вашите очи да ги полнат светлечките реклами и излозите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани