Webp.net gifmaker

Редици пред некои гласачки места во Битола поради проблемите со уредите за отпечаток од прст

Октомври 17, 2021

 

На повеќе гласачки места во Битола има редици гласачи кои чекаат да дојдат на ред за гласање бидејќи има проблеми со уредите за отпечаток од прст. Од ОИК и од избирачките места потврдија дека имаат проблеми со новите уреди и со тоа процесот за гласање се одвива побавно, но не запира.

„Сите 170 избирачки места во Битола се отворени навреме во 7 часот , право на глас имаат 80 882 избирачи. Гласањето течи нормално, со одредени технички проблчеми со новите уреди за биометриска идентификација на гласачите. Тие се решаваат со помош на техничките лица ангажирани од ДИК и си продолжува гласањето. Претседателите и замениците на одборите имаа обука, но не се технички лица и немаат познавање како да ги отстранат ваквите проблеми. Со помош на информатичарите се отстрануваат и гласањето продолжува. Имаше на неколчку места каде уредот целосно не беше во ред, па вршиме замена со резервни уреди кои ни се доставени од ДИК“, рече претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.

„Единствено со апаратот имаме мали проблеми и навремено се интервенира. Се создава малку подголема гужва поради подолготрајниот процес со апаратот. Имаме броеви за техничка поддршјка се јавуваме во Скопје, екипите работат добро, ни даваат упатства што да направиме, ја известуваме и ОИК за техничките проблеми и навремено тоа се решева. Се е во ред, само што се одолговлекува и се создава гужва, гласачи не се враќаат и да не работи апаратот има други начини пропишани со упатската за глчасање, гласаат со потпис во избирачкиот список со отисок од прст“, рече Марина Крстиќ претседател на избирчако место број 73. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани