2win800x200

Расправа за сетот економски мерки во битолскиот Совет

Април 27, 2021

Од четирите сет економски мерки што минатата година ги предложи локалната власт на Битола за помош на стопанството, три не се остварија, а се спроведе четвртата мерка за ослободување од надоместоци за комунална такса за користење на деловни простории со што Општина Битола се откажа од приближно седум милиони денари приход  во име на помош на граѓаните.

На последната седница на Совет настана дискусија околу исполнувањето на сетот економски мерки од 14 април 2020 година. Од ВМРО-ДПМНЕ иронично предложија да се донесе одлука за усвојување на предлог мерките на градоначалничката за директна поддршка на стопанството предложени од минатата година, а локалната власт гласаше воздржано зашто сметаа дека централната власт со шесте пакет мерки им помогнала на многумина граѓани и фирми.

„Се соочуваме со здравствена и економска криза. До овој момент од почетокот на кризата затворени се повеќе од 350 фирми во Битола, повеќе од 2000 битолчани се останати без своите работни места благодарение на задоцнетата имунизација, ненавремено преземање на рестиктивните мерки. Досега преземнените мерки од централната власт не го даваат очекуваниот резултат. Локалната власт ги одби сите наши предлог мерки досега, а единственото нешто што беше предложено од  нив на 14 април лани, но досега не ги спроведе“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот Валентин Груевски образложи дека за двете предлог мерки ослободување од закупнина на деловните простори сопственост на Општина Битола и на закупнина на градежно земјиште под објектот не добија одобрување од Влада. Третата мерка ослободување на фирмарина на сите занаетчии и трговци поединци на годишно ниво, од 500 денари за 150 денари се откажаа зашто со донесените шест пакети на Владата во кои овие занаетчии добиваат државна помош како за бројот на вработени што ги имаат, така и за исплата на плати, ослободувањето од Општината ќе беше минимално и немаше да влијае никако врз нивната економска состојба. Она што го добија од Влада беше многу поголемо отколку намалувањето на фирмарината, рече Груевски.

„Во однос на мерката за ослободување од надоместоци за комунална такса за користење на деловни простории како Општина помогнавме. Додека траеше вонредната состојба комуналната такса и тоа со уредба на Влада беше 0 денари. По завршувањеето на вонредната состојба на Совет донесовме одлука таа да биде на законскиот минимум од 5 денари до 15 ноември 2020 година, па до 15 април пак донесовме одлука да биде 5 денари, а пред пандемијата беше 15 денари од метар квадратен. Со ваквиот начин Општина Битола се откажала од приближно 7 милиони денари како свој приход кои би ги наплатила помалку од комунална такса од мај 2020 година па до април 2021 година“, рече Груевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани