2win800x200

Демонстрација на извлекување жртви при лизгање на земјиште на Пелистер

Мај 17, 2021

Во близина на Инфо центарот се одржа показна теренска вежба која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја реализира во рамките на проектот: Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор” - J-CROSS, финансиски поддржан од Програмата за прекугранична соработка  INTERREG – IPA CBC 2014-2020

Главната цел на проектот е подобрување на заштитата на населението од елементарни природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор. Теренската вежба се однесуваше на свлечишта и се состоеше од демонстрација на извлеквање на жртви при лизгање на земјиште. Нејзиното одржување беше за подигнување на свеста на релевантните чинители и населението од двата прекугранични региони за значењето на мерките за заштита од прирдони непогоди и непогоди предизвикани од човечки фактор, како и зголемување на готовноста за реагирање на населението и релевантните чинители при вакви или слични случаеви на итност.

Сценариото беше развиено во согласност со спецификациите и целите детерминирани во проектот и истото ги опфати сите потребни елементи кои ја одсликуваат реалната ситуација на една ваква природна непогода односто лизгање на земјиште како и сите потребни мерки кои би се презеле во таков случај.

Изведувач на вежбата беше „Пегаз Еду„ а нејзината организација и реализација беше во целосна координација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Проектот Ј-CROSS e само уште една активност и заложба на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за унапредување на регионалниот развој и зајакнување на капацитетите на регионот за овој тип на заштита на населението и заштита од непогоди.186549907 4380722681962354 2166818905817483983 n

186564396 1207447969689281 7238585621538238478 n

187544921 3793775790748376 3088217901122445794 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани