АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа потпишаа два договора за финансирање на конкретни активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
Согласно потпишаните договори, а во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од швајцарската Влада, во текот на 2018 година ЦРППР ќе организира серија од регионални „Форуми во заедницата“ во кои што ќе бидат вклучени жителите од општините во пелагонискиот регион, а на кои преку инклузивен и транспарентен процес ќе бидат дефинирани регионални приоритети. Со средства обезбедени од швајцарската Влада дел од тие приоритети ќе биде и реализиран, потврди директорот на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.
Исто така, согласно потпишаните договори, Министерството за локална самоуправа ќе продолжи да ги финансира и поддржува активностите на Бизнис центарот кој функционира во рамките на ЦРППР, пред се, за обезбедување на советодавни услуги за малите и средни претпријатија во регионот.