2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Поставени туристичко информативни табли за значајни битолски објекти, низ кои и виртуелно можете да прошетате

Мај 20, 2021

Само две години по првата филмска проекција во светот на браќата Лумиер 1895 година, во Стариот битолски театар во 1897 година брачна двојка од патувачки уметници од Италија прожектирала кратки филмови. Ова е еден од податоците до кои се дојде при реализацијата на проектот „Кино култура“ во чии рамки поставени се и 10 туристичко-информативни табли пред значајни битолски објекти од кои само дел оптоиле до денес. Табли со податоци за историјата и значењето на објектите се поставени пред Офицерски Дом, Кино Манаки, Стар театар , Магаза, Саат Кула, Стара чаршија, некогашната пивница Балкан, аптеката на Ахил Чаловски и Хаџи Махмуд беј џамијата. Таблите имаат кодови кои доколу се скенираат со патметни уреди овзможуваат и виртуелен разглед на објектите во надворешноста и внатрешноста, па дури чувство дека се внатре во објектот доколку користите виртуал реалити апликација.

„Група од околу 10 експерти ангажирани од Гаус институтот направи комплетна дигитална реконструкција на Стариот театар. Собрани се историски податоци за театарот, неговите реални геометриски параметри, изработен е 3Д модел. При реконструирањето на внатрешноста најдовме и на столици останати од театарот, а пронајдени во село Цапари, па да ги ревитализираме, фотогрфираме и ги примениме во ватрешноста на театарот. Но, ја документираме цела историја од градењето на Театарот па се до неговото рушење“, рече Игор Неделковски, координатор на проектот.188192964 188598486458131 2649529097649861442 n

Тој додаде дека изработено се видео од екстериерот и ентериерот на театарот, интерактивно 360 степени видео каде може интерактивно да се разгледа надворешноста и вантрешноста на објектот каков што бил во минатото. И витруал реалити апликација посебно за помладите кои располагаат со специјални очила со кои можат да се почувствуваат дека се внатре во просторот.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека со вакви прокети ќе се задржи вниманието на туристите да останат што повеќе во Битола.

„Туристот треба да го донесете во градот, но и да најдете начин да го задржите што подолго. Со ова што го направивме се надеваме дека ќе успееме да ја задржиме љубопитноста на туристите кои ќе доаѓаат во нашиот град да видат дел од нашето историско и културно наследство кое е богато и кое е факт дека не сме умееле во минатото добро и успешно да го експонираме и да покажеме дека Битола не случајно се нарекувала град на конзулите и на културата“, рече Петровска.187647821 2694225947543387 5981314113055793032 n

Пет локации обезбедени се со бежичен интернет кои овозможуваат туристите бесплатно да го користат и да видат што повеќе од Битола.

„Виртуелните претставувања кои можат да се видат за Стариот театар, Киното Манки, Безистенот, Магазата, Саат кулата се дел од нашието богатство. Применуваме интегриран пристап за да го задржиме туристот , а имаме инфраструктурен зафат на приодот до Хереклеја, имаме аплицирано до ЕУ фондовите за нови проекти во Музејот, она што го направивме со Офицерсиот дом, киното Манаки, Подпелистерието каде влеговме инфраструктурно и даваме простор и планинскиот туризам да се рзавива, навистина претставува сеопфатен пристап за туритички развој“, рече Петровска.

„Кино култура“ е проект со вкупен буџет 197 530 евра финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а Општина Битола е еден од партнерите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани