АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советниците од мнозинството ги изгласаа завршните сметки на основните и средните училиша, кои за првпат по речси една деценија, се со позитивно салдо, без долгови и без блокирани сметки. Ваквата сосотојба во изминатиот период беше санирана со 4,4 милиони евра, наменети за долговите во битолското образование. Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата, ниту пак даде поддршка за завршните сметки.
-Оваа локална самоуправа континуирано, за време на целиот свој мандат вложува во образованието на нашите деца. Но, за жал беше потребно многу време, многу труд и премногу финансии најпрво да стигнеме до нулата, а нулата беше да се одблокираат сите 10 училишта со блокирани сметки од 2012 до 2019, тоа беа 8 основни и 2 средни училишта. Но, не само да се одблокираат сметките, туку да се платат долговите на останатите училишта. Таа нула, сите нас, граѓаните, не чинеше 4,4 милиони евра. Денес кога зборуваме за завршните сметки на основните и средните училишта, со гордост може да заклучиме дека сите 18 основни и средни училишта се во одлична финансиска кондиција. Блокирните сметки, руинираните подови, мувлосаните ѕидови, тоалети, остануваат како лош сон назад во историјата. Но ,оваа грда слика не смееме да ја заборавиме, затоа што има 4,4 милиони причини за тоа, рече Емилија Костурска, советник од СДСМ.
На почетокот на седницата, советничката Анита Ангелевска, единствена се јави за збор на денешната седница од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и побара проширување на дневниот ред со точка со која советниците ќе донесат мораториум за сечење на дрвја во градот.
-Барам овој Совет да донесе одлука за мораториум за сечење на дрвјата во градот. Ова што е направено кај Поштата е вистинска катастрофа, а уништени и унаказени се сите дрвја на Партизанска. Грдаот се гуши во прашина во отворени дупки и раскопани улици кои тешко и долго се санираат, рече Ангелевска.
Мнозинството на Советот не го прифати предлогот, а претседателот Валентин Груевски рече дека Советот нема надлежност за ваква одлука
-Таков мораториме е неизводлив, затоа што може да се случи одредени дрвја да има потреба да бидат сечени. Главната работа е дали тие дрвја се сечени во соодевтна процедура, согласно законот, кој го побарал тоа, кој го одобрил тоа, што таму ќе се посади. Ве повикувам да се обратите до соодветните служби, а доколку не сакате тоа да го направите, јас во име на Советот тоа ќе го побарам. Ако донесеме таков мораториеум се донесуваме во опасност некаде и некој од старо небезбедно дрво да биде повреден или да загине. Таква одлука за мораториум мислам дека е несоодветна, иако се согласувам дека сите мора да се бориме за секое дрво и за секое гранче во градот, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.
Советот на денешната седница ги донесе одлука за издвојување средства за завршување на улицата „Крушевска Република“ , како и одлука за намалување на комуналната такса од 15 на 5 денари до 15 ноември 2021 година.