АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ООУ„Гоце Делчев“-Битола поставени се мобилни станици за миење раце. Овие станици се добиени по успешно спроведен проект на УНИЦЕФ. Од Училиштето велат дека посветуваат големо внимание на хигината, особено на хигината на рацете во услови на пандемија.
,,Со задоволство Ве информираме дека пристигнатата апликација од основното училиште „Гоце Делчев“ Битола до Проектот на УНИЦЕФ – WASH, за подобрување на хигиенските услови во училиштата е високо оценета од членовите на Комисијата и вашето училиште е едно од 15 избрани училишта во Р. Северна Македонија со кои ќе соработуваме.”
Тимот на проектот WASH
Ова е пораката која ја доби ООУ „Гоце Делчев“ Битола по реализацијата на проектот Improving Water, Sanitation and Hygiene (WASH) & Infection Prevention and Control (IPC) practices in primary schools, финансиран од УНИЦЕФ, а во соработка со Министерство за образование и наука.
Со цел одржување соодветни хигиенски практики, во рамките на овој проект, ќе се обезбеди вградување на станици за миење на раце, правилна инсталација и планови за одржување на овие станици за миење раце во вкупно 15 училишта кои ќе бидат избрани според однапред утврдени критериуми и проценка на плановите подготвени од училиштата преку алатката за самооценување, од страна на формирана Комисија со претставници од Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Државен просветен инспекторат (ДПИ), Министерство за образование и наука (МОН), УНИЦЕФ и Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО).
-Училиштето посветува особено внимание за унапредување на хигиената и заштита на здравјето на сите чинители на воспитно образовниот процес. Имаме изготвен план за заштита и унапредување на здравјето, го применуваме прирачникот за одржување на училишни објекти, а стандардите за одржување ни помагаат не само за визуелен преглед на чистотата туку и за мерење на ефикасноста и резултатите за одржување на хигиената.
Се трудиме да обезбедиме чиста, одржлива и безбедна средина за учење и работа во училиштето, а тоа е еден чекор поблиску до основната цел, постигнување повисоки и трајни знаења на учениците.
Од учеството во овај проект не само што добивме мобилни станици за миење раце, следеа и обуки за одржување на овие мобилни станици, како и за општо одржување и подобрување на хигиената во училиштето, а особено во време на пандемија, изјави м-р Биљана Стојковска, директор на ООУ „Гоце Делчев“ Битола.
На обуките присуствуваа директорката на училиштето, двајца наставници и двајца претставници од техничкиот персонал. Наредниот месец ќе следи десеминација на обуките организирана од директорот и стручната служба за сите вработени во училиштето, претставници од Ученичкиот парламент како и претставници од Совет на родители.
Чистите објекти не се трошок, туку инвестиција во здрава средина за учење.
Чистотата е половина здравје!, порачуваа изготвувачите на проектот.