2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Работна група ја преиспитува оправданоста за изградбата на Музејот на ВМРО

Март 22, 2018

Битолскиот историчар д-р Александар Литовски ја предводи работната група на Министерството за култура за преиспитување на оправданост од постоење на Музејот на ВМРО. Членовите на оваа работна група влегоа во музејот, извршен е првичен увид во музејската поставка и прибавен е дел од неопходната документација за подготовка на детална анализа за овој музејот, соопштуваат од Министерството за култруа.

Работната група ќе има задача да изврши увид во целокупната документација поврзана со одлуката за основање и изградба Музејот, да изврши увид  во целокупната документација поврзана со  начинот на прибирање и откуп на музејскиот материјал, да направи проценка на музејската збирка, да изврши евалуација на начинот на  експонирање на музејската збирка и пропратниот илустративен материјал, како и евалуација на начинот и условите на чување на музејскиот материјал.

Во работната група покрај Литовски, вклучени се и Донка Барџиева Трајковска, Елеонора Петрова, Златко Теодосиевски, Гордан Николов и Жарко Трајановски.

По разгледување на целокупната документација и состојба ќе биде изработен елаборат за преиспитување на општетсвената и стручната оправданост на постоењето на музејот.

Во предметот на СЈО „Тендери“ поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска е првообвинета затоа што  без завршена постапка за јавна набавка дозволила фирмата „Бетон Штип“ да изврши завршни градежни работи во Музејот на на ВМРО. 

Изградбата на музејот чинела повеќе од 16 милиони евра со склучени многу анекси за дополнителни работи.

Музејот на ВМРО го градеше „Бетон – Штип“. За Музејот на македонската борба оваа фирма склучила договори во вредност од над 6 милиони евра. 

Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека прислушуваните разговори може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“. Судењето започна во февруари годинава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани