2win800x200

Од утре до недела нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи

Јуни 22, 2021

 

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре, 23 јуни од 21 часот до недела, 27 јуни до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

-Се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06.2021 година до 12 часот, наведува МВР.

Граѓаните, пак, кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување барање за личен документ ќе можат да го остварат во кој било термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28.06. 2021 година заклучно со 02.07.2021 година.

-Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23.06.2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање, соопштува МВР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани