2win800x200

Нов број на списанието на графичката струка „Графопрес“

Јуни 22, 2021

„Графопрес“ е списание на графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Првиот број е издаден во февруари 1998 година. Го подготвуваат учениците од графичката струка заедно со наставниците по графички стручни предмети. Тие се автори на прилозите, илустрациите, фотографиите, кориците, компјутерската обработка и сл., а првите броеви комплетно ги печатеа и доработуваа во графичкиот кабинет на училиштето.

Неодамна беше издаден новиот број на списанието во печатена верзија, а од денес активна е и неговата веб верзија. Редакцијата на списанието истакнува: „Списанието „Графопрес“ е огледало на активностите и креативноста на учениците и наставниците од графичката струка. Тоа е нешто со што навистина се гордееме, особено затоа што од овој број „Графопрес“ е достапен и со свој меѓународен стандарден сериски број т.е. ISSN, со што станува посериозно гласило, но и со своја веб страна https://grafopres.mk што овозможува поголема достапност, особено помеѓу помладата популација каде предност имаат електронските медиуми. Содржините во дадените рубрики ќе ги задоволат и најљубопитните кои се расположени да научат нешто ново, но и да се забавуваат, на наш, графички начин. Се надеваме дека задоволството додека се чита нашето списание ќе биде барем половина од она што ние го имавме додека го подготвуваме, а тоа ќе ни биде мотив и следниот број што поскоро да ја види светлината на денот.“

„Графопрес“ бр,8/2021 ги содржи рубриките: Старо ново во нашето маало, Огледало на душата, КултуРАпорт, Наши графичари-креативци, Тиин манија, Едукативни работилници, Графопрес галерија, Ѕвездите зборуваат – Графо-хороскоп, Инфо-граф, Графо-пракса, Интервју, На тема, Квиз, Графо-математика, Еко-граф, Графо-крстозбор, (Во)спортот на светот и Графо-забава (музика, графички лавиринти и дополнувалки).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани