АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Надлежните ја објавија листата на хотели кои ќе примаат гости со ваучери за одмор , мерка која важи за работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
За оваа мерка државата издвои 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.
Во листата се наоѓаат вкупно 76 хотели и тоа најмногу се наоѓаат во Охрид, но има и од скоро сите краеви на државата.
Ваучерите за одмор од 12 000 денари може да се искористат во категоризираните угостителските објекти а целата листа може да ја видите тука.