АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во стотина села во Битолско и околните пелагониски општини од понеделник Здравствениот дом од Битола почнува теренска вакцинација. Подготвен е распоред на села, а вацинацијата ќе се одвива во училиштата претежно од осум часот наутро до два и половина попладне, но сепак во секое село се точно утврдени термините во кои ќе се изведува имунизацијата. На пунктовите можат да се пријават сите жители кои сакаат да се вакцинираат. Вакцинацијата во руралните средини ќе трае 15 дена поточно од 27 јули.