2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден е убиен Трајче Магловски, учесник во НОБ

Јули 08, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули1943, во  Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е во селото Смилево на 4 мај 1923 година. Беше ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапи во напредното движење, односно беше меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа повеќепати е апсен од бугарската фашистичка полиција, но секогаш храбро се држеше и не ги предаваше своите другари.

Во јули 1943 година, штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци беше фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне беше убиен.

Подготвил: д-р Акександар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани