2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се реконструира патот од Преспа до Охрид преку Галичица

Јули 25, 2021
После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид


„Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“, потенцираше претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев на организираниот настан по повод почетокот на работите на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид - Св. Наум преку националниот парк „Галичица“.

Премиерот Заев истакна дека на целата територија на Северна Македонија во тек се интензивни градежни работи на автопатните решенија и на експресните делници, на реконструкција на голем број магистрални и регионални патни правци.

„Со рехабилитацијата на патот преку Галичица, туристите и рекреативците ќе добијат лесен пристап до убавините и потенцијалите на питомите предели на планината за активности како што се планинарењето, планинскиот велосипедизам, параглајдерството и другите рекреативни активности и адреналински спортови“, рече премиерот Заев.

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри. Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милион денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во својата изјава го  издвои фокусот на Владата на унапредување на патната мрежа како предуслов за економски развој на градовите, посебно во места каде туризмот има огромно влијание, како што тоа е случајот со Ресен.

„Денеска сме присутни на овој регионален пат кој води од Преспа преку Галицича до Охрид, а кој претставува една туристичка атракција за сите домашни и странски туристи кои поминуваат низ овој Преспанско-охридски Регион. Веруваме дека со оваа инвестиција ќе привлечеме нови странски и домашни туристи кои ќе ги посетат овие прекрасни пејсажи и туристички понуди што ги нуди нашата земја и овој регион“, истакна министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски потсети дека овој патен правец, кој се обновува после повеќе од 50 години и дека неговата ревитализацијата е од огромно значење за Преспанскиот Регион и е причина плус, туристите да ја посетат Преспа и националниот парк „Галичица“ и преку целата година да уживаат во недопрената природа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани