2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Битола е сработено колку за три мандати, Петровска е меѓу фаворитите за кандидат за градоначалник, но ќе ги почекаме внатрепартиските анкети за кончена одлука, кажа Заев во Битола

Јули 24, 2021

Граѓаните се тие што одлучуваат кој ќе ги води, како ќе ги води, кој заслужил да добие шанса и  што значи тоа во севкупното политичко одлучување. Локалната власт е многу значаен елемент и важно е кој ја претставува, какви се политиките и какви се димензионирањата за иднината многу е важно, изјави претседателот  на владеачката СДСМЗоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде кандидат за градоначалник на Битола

-А за мене уште поважно е името на кандидатката или кандидатот за градоначалник, за советници, затоа што ова се избори на личности. Сега е редот на граѓаните, не е редот ни Заев, ни на Мицкоски, ни на СДСМ, ни на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ни даваат мандат да сработиме, да оставиме зад себе. Секој пат можеме повеќе, но тоа што е сработено во Битола во минатите 4 години мислам дека покрива два до три мандати на поранешни градоначалници. Зошто, затоа што развиени се проекти буквално на секаде низ Битола, државата има силен фокус кон децантрилацијата и поддршка за општините, затоа што животот е на локално ниво. ВМРО-ДПМНЕ да си поседат во опозиција и во Битола, затоа што нема да е добро додека не ги променат начините на кои што треба да им служиме на граѓаните, рече премиерот Заев и претседател на СДСМ. .

Тој рече дека според него Наташа Петровска заслужува втор мандат, таа е фаворит на првичните истражувања на партијата, но сепак ќе се причекаат и новите анкети.

-Во Битола граѓаните ќе одлучат кој ќе биде кандидат, а ние  можеме да се поклониме и него да го предложиме. Наташа Петровска е една од најдобрите градоначалници во државата, но тоа го мисли Зоран Заев. Да видиме битолчани што мислат. Првите истражувања покажуваат дека таа е фаворит, има уште неколку квалитетни наши луѓе овде. Се надевам дека втората и третата анкета, кои ште се во тек,  ќе го кажат конеченото, затоа што само тогаш можеме да кажаеме дека ги слушаме граѓаните, додаде Заев

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани