Две млади планинарки се изгубиле на Пелистер, пронајдени по 4 часовна потрага

Јули 28, 2021

Четири часа траела потрагата на спасувачките тимови по 2 планинарки кои се изгубиле  над планинските патеки кај Нижеполе на Пелистер. Акцијата ја реализрал Центарот за управување со кризи,  во координација со битолската Полиција, Ренџерите од НП „Пелистер“, Горската служба, Дирекцијата за заштита и спасување.

По добиенето известување од СВР Битола, Центарот за управување со кризи се координирал со другите служби за барање и спасување во планински терени. Потрагата се одвивала над селото Нижеполе, во предел каде последен пат се јавиле изгубените млади планинарки, информираат од ЦУК.

Ренџерите од Националниот парк „Пелистер“, во кординација со другите ангажирани субјекти ги пронашле двете планинарки во 13.45 часот. Тие, за среќа, не биле повредени, по што безбедно биле транспортирани до село Дихово, каде што престојувале.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани