АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку програмата Еразмус млади битолчани на размена во Анкара, членови и волонтери на Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола учествуваат на меѓународна младинска размена во Анкара на тема: Make the world green - Направи го светот зелен.
Општина Ќечиорен од Анкара која со партнерски организации од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Шпанија е организатор и носител на овој проект. Во рамките на проектот беше претставена Македонија и нејзините убавини и туристички места преку презентација како и преку традиционалната храна и македонската песна и оро.
Учесниците на размената имаа можност да се сретнат со министерот за животна средина на Р. Турција, градоначалникот на Општина Ќечиорен, а исто така садеа дрвца со амбасадорот на државата Рланда, Вилијам Нкурунзиза.
Претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, Мартин Николовски, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за турска култура, уметност и интеракција од Момчилград, Бугарија со што за уште еден плус се зголемија партнерите за соработка со организации надвор од границите на Македонија. Тој, исто така за Апла.мк најави дека во наредниот период ќе бидат потпишани Меморандуми за соработки и со организации од Србија и Шпанија, со што делувањето на Интерактив-Битола од локално ќе прерасне на меѓународно ниво, што е една од главните цели од самиот почеток на формирањето на организацијата.
Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво.
Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија.
Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе. Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. Интерактив работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Мисијата на организацијата е да обезбедат одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани