Непосредно пред заминувањето на Светското првенство во куглање за натпреварувачки до 18 години, кое викендов започнува во Словенија, градоначалничката Наташа Петровска се сретна со нашите репрезентативки и нивниот тренер, при што им посака многу успеси во тамошните натпревари. 
		 
		
		
				
		
			
 
Девојките, заедно со тренерот Игор Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината. 
 
За прв пат во историјата на овој спорт во земјава, сите репрезентативки се од Битола.