МКЦ информира дека настаните за Битола отворен град се презакажуваат за недела 12 септември

Септември 09, 2021

Поради трагичните случувања во Тетово и прогласената тридневна жалост на територијата на целата држава, МКЦ информира  дека настаните кои беа најавени во рамките на Битола отворен град, ќе се реализираат во недела на 12 септември 2021 година во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис со почеток во 20.00 часот.

На концертот ќе настапат Stereo BananaLove Itoya и Кирил Џајковски.

-Сите оние кои имаат подигнато влезници за настаните во петок и сабота, можат истите да ги искористат за настанот во недела. Сите оние кои се имаат регистрирано за влезници, може да ги подигнат истите во регистрираните термини, информираат од МКЦ

Во продолжение нов линк за регистрација за влезници, за настанот во недела:

https://forms.gle/6tNzrzk4xwP8WDh9A

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани