Ја поздравуваме одлуката на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ конечно да определи свој кандидат за градоначалник на Битола.
Сигурно не беше лесно да се најде “доброволец” кој однапред знае дека влегува во загубена битка, пишува во партиската реакција на СДСМ Битола.
ДПМНЕ на локалните избори во Битола го очекува уште еден сигурен пораз и за тоа се свесни и во битолското и во скопското раководство на партијата. Тоа е причината што и покрај желбата, лидерот на локалниот огранок на ДПМНЕ не ја доби довербата да биде кандидат за градоначалник и и се “задоволи” само со носител на советничка листа. Toa е вообичаено однесување за опозициската ДПМНЕ. И партискиот лидер, Христијан Мицкоски никогаш не се соочил со граѓаните на избори, туку комотно, од својата канцеларија во Белата палата ја набљудува пропаста на партијата што ја раководи. Така, некој друг ќе биде одговорен за поразот на локалните избори, а не лидерот на партијата во Скопје или Битола.
Изборот на кандидатот за градоначалник на Битола кого партијата го карактеризира како “чесен” човек, не соодветсвува со реалноста и неговата политичка историја. Поддржувач на политиките на осудениот негов сопартиец и поранешен градоначалник на Битола, Владимир Талески, не е кандидат кого битолчани го посакуваат. Партиски функционер кој креирал погубни политики за градот, а екс градоначалникот криминално ги имплементирал, Битола не сака.
Затоа, кандидатот за градоначалник од ДПМНЕ после поразот на 17 октомври може да се засолне во некој од бунгаловите што незаконски ги градеше неговиот брат кога беше министер во владата на Никола Груевски.