Петровска ги поздрави учесниците и следачите на манифестацијата "Трчај бе"
Септември 12, 2021
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ги поздрави учесниците и следачите на третото по ред издание на манифестацијата "Трчај бе", а воедно упати честитки до организаторите, за успешноста и масовноста на оваа трка.
Оваа градска трка, која досега содржеше трки од 5 и 10 километри, годинава е збогатена со уште една трка во полумаратон од 21 километар, односно Балканско првенство во оваа дисциплина.