2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Специјалистот по радиодијагностика од Битолската болница, Александар Димовски носител на кандидатската листа на СДСМ

Септември 13, 2021

Доктор Александар Димовски, специјалист по радиодијагностика и директор на дијагностичките гранки при Клиничка болница во Битола е носител на листата со кандидати за советници на СДСМ и коалицијата во Битола. Тој воедно е и магистер на економски науки и спортски доктор во ФК и РК Пелистер.

На листата со советници која ја објави партијата, на второ место е сегашниот  секретар на Општинската организација Жаклина Наумовска, советничка и во досегашниот битолски општински Совет од редовите на СДСМ. Таа е и магистер по менаџмент за човечки ресурси, а работи како државен просветен инспектор.

Трет на листата е досегашниот координатор на советниците од СДСМ, Методија Илиевски, кој дипломирал и магистрирал на Факултетот за биотехнички науки, каде го продолжува образованието на докторски студии. Тој е началник на подрачното одделение на Министерството за земјоделие во Битола и член е на Советот во континуитет од 2013 година. Меѓу другото е и ракометен меѓународен судија.

На листата со кандидати е уште еден досегашен советник, кој важеше како еден од најголемите борци на оваа коалиција кога се работеше за одбрана на политиките на власта во советничките дискусии. Борче Корлевски е 11 на листата. Тој е графички инжинер, а факултативно работи во КК Пелистер АД Битола, претходно три години во РК Пелистер Еурофарм. Ракометен тренер е со А лиценца и фолклорен работник е цели 28 години.

За советник е предложен и лидерот на младите социјалдемократи од Битола, Петар Николовски, апсолвент на Факултетот за информатички и комуникации технологии, кој работи во приватна ИТ компанија како графички и веб дизајнер.

Освежување на листата е професорката д-р Јасмина Буневска – Талевска, од Техничкиот факултет , член во универзитетскиот сенат при УКЛО. Докторирала на Техничкиот факултет Битола, област сообраќај и транспорт. Се едуцирала и на други европски универзитети. Добитник на прва награда од Европската комисија за мобилност и транспорт, а во 2019 година и почесна титула „Амбасадот на денот на културата во сообраќајот за Република Северна Македонија“ од Унгарската академија на транспортни науки. Таа досега знаела да биде и критички настроена кон проблемите со сообраќајот во градот.

Кандидат од Демокрастскиот сојуз на Власите е досегашната советничка Елизабета Тодевска, а од ВМРО-НП Кире Климески, раководител на Служба за техничка сигурност во АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола. Понатаму, кандидати се и Елена Кромидаровска Маховска, помлад соработник во КПУ Затвор – Битола, музичарот Димитар Андоновски, гинекологот Маја Аврамовска, ракометарот Златко Димитровски и други.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани