Едно од култните места за битолчанни, чешмата кај Офицерскиот дом, повторно е достапна за жителите на Битола и случајните минувачи.
Претставници од Ротари клубот од Битола, денес свечено и го предадоа клучот од чешмата на градоначалничката Наташа Петровска, со што и официјално, по санацијата, чешмата останува да биде белег за овој дел на градот.
Со претходно потпишан договор помеѓу Општина Битола и Ротари клуб Битола, започна комлетната санација на чешмата кај Офицерскиот дом, со средства донирани од Ротари клубот.
На санацијата и претходеше изработка на основен проект, по кој е издадено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола.