Кондовски на средба со стопанствениците, побараа подобра инфраструктура

Септември 14, 2021

Како стопанство во овие 20 години не сме добиле за градоначалник човек од бизнис заедницата. Таков човек многу ќе значи за стопанството зашто знаеме Битола во која фаза остана во овие 20 години, рече Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора од Битола на денешната средба на битолските стопанственици со кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски241871130 565959304528355 4894147512788216406 n

„Фалат многу важни делови од ГУП-от, што побрза измена и да биде прифатена што поскоро, планови детални кои чекаат повеќе од 5 до 10 години да бидат прифатени. Инфраструктура на сите улици во Битола од кои зависи стопанството. Улицата ‘Индустриска’ која е оставена така повеќе од 20 години, а е значајна за индустријата, осветлувањето во делот на индустријата, а во втора фаза важна ни е гасификацијата на стопанството. Проектот го направија и добија дозвола само за Цермат и за Млекара на влезот од градот, мора да се а да продолжи за цела индустрија“, рече Велковски.

Запрашан како врз стопанството влијае тоа што Битола нема автопатско решение, рече дека Пелагонискиот регион дава 13 проценти од бруто домашниот производ, а во минатото процентот достигнуваше до 19, намалувањето се должи на патната инфраструктура. Бизнисмените од Пелагонија бараат автопатско поврзување на Битола-Прилеп-Велес преку Бабуна.

„Сите странски инвеститори баараат поврзувањето да биде со автопат или добар магистрален пат. Ние 20 години сме упорни и сме благодарни што се склучи договор за брз пат Дреново- Битола, но тоа не е доволно , тоа е времено за 5-6 години. Мора да почни изградба на една трајна инфраструктура кој ќе биде автопатска, ќе оди за Велес преку Бабуна“, рече Велковски.

Кондовски рече дека средбата со стопанствениците има за цел да ги слушне нивните предлози, идеи и проблеми и изрази надеж дека доколку стане градоначалник ќе најдат заеднички решенија.

„Стопанствениците се двигател на локалниот економски развој. Интерно во Битола, кажано народски, до таблите каде што пишува Битола, веќе не треба да станува збор, градот има буџет има ресурси , стабилни форми, јавни претпоријатија и подобра инфраструктура може да се направи. Тука се предвидени голем дел од проектите и сметам дека по 4 години комплетно ќе се смени сликата во тој дел на Битола. Од онаму каде што завршува таблата , каде се национални проекти јас ќе стојам рамо до рамо со бизнисмените, со сите мои лобистички ресурси , да издејствуваме и Битола да ја споиме со главниот град, со Грција онака како што доликува со автопати и брзи патишта“, рече Кондовски. 

На средбата имаше стопанственици кои се членови и симпатизери и на други политички партии, а не само од  СДСМ. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани