АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Се обврзувам како честит, искрен и човек од збор, дека сум подготвен да го направам она што го заслужува нашата Битола и вие мои битолчани! Заеднички да ставиме крај на неефективноста, безидејноста и неработењето на локалната самоуправа изминатите четири години.Како советник во Советот на Општина Битола, имав можност да бидам соочен со вашите проблемите и потреби“, рече Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Вети дека доколку стане градоначалник нема да прави селекција меѓу луѓето по никаков основ.
„Како градоначалник ќе ги вклучам сите граѓани по принцип на неселективност, без привилегираност од една страна и обесправеност од друга, со еднаков аршин и пристап кон решавање на секој предизвик, бидејќи силно верувам дека само тој е вистинскиот и единствениот начин. Професијата лекар ми дава можност, да ги сослушам луѓето, да ги согледам и анализирам нивните проблеми, да дадам вистински совет и да понудам решение за нивната мака“, рече тој.