АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола, ќе се збратими со училиштето „Мави Текник“ од Измир, Турција. Претставници на Техничкото училиште, директорот и помошник директорот од 29 април до 3 мај ќе престојуваат во градот Измир, заедно со координаторите на проектот за збратимување на двете училишта Еркан Лама и Семиха Лама од Скопје.
Директорот на Техничкото училиште Владимир Роме вели дека станува збор за училиште кое е сместено во индустриската зона во Измир.
-Ова збратимување е од особена важност за нашето училиште, за соработката и размената на искуствата со училиштето „Мави Текник“ од Измир. Училиштето е сместено во индустриска зона, што не случај кај нас. После оваа посета ќе следат посети и на наставници и ученици во Измир со цел размена на знаења и искустава, вели директорот Роме.
Патувањето е овозможено со сопствени средства на Техничкото училиште и финансиска поддршка од Еуростандард банка А.Д- Скопје , вели директорот Роме, со посебна благодарност до банката, без чија помош не ќе можеше да се реализира ова патување и збратимување.