АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Паркирани возила на крстосници, на коловози, на тротоари и зелени површини. Речиси и да нема дел од Битола, каде колите не узурпираат јавен простор, а за многумина возачи знакот забрането паркирање не значи ништо, па ги остават автомобилите токму пред него
Во меѓувреме обележаниот паркинг простор од зонското паркирање низ градот, но и затворените паркинзи, често пати остануваат полупразни.
Најмногу реакции пристигнуваат од граѓани кои живеат на улицата „Едвард Кардељ“ во Битола, каде граѓаните кои уредно плаќаат годишен надомест за паркинг простор, се соочуваат со невидена дрскост од оние кои ги узурпираат тротоарите и зелените површини на оваа улица. Некогаш заглавени на тротоарите, без можност да излезат на коловозот каде се паркирани возилата на обележаните паркин простори, овие узурпаторите прават штети на станарите кои плаќаат годишен надомест за паркинг
И на улицата „Борис Кидрич“ обележаниот паркинг најчесто е полупразен, но затоа тротоарот наменет за пешаци е полн со возила.
Апла.мк повеќе од една недела чека одговор на прашањето упатено до полицијата, колку акции направиле за отстранување на возилата од тротоарите и другите површини каде паркирањето е забрането на улицата „Едвард Кардељ“ и колку сопственици на возила се казнети. Од таму првично само соопштија дека полицијата е постојано на терен и се подигаат непрописно паркираните возила.