АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на ноќта во времето од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул.Широк сокак во Битола и еден лоциран на ул.Партизанска во Битола.
При контролата, во објектот на ул. Широк сокак пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки. Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица . Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци.